Eвропската авто индустрија го губи здивот

257

Статистичките податоци покажуваат дека Европската авто индустрија полека го губи здивот пред напливот на автомобили од Кина.

За прв пат во историјата, увозот на автомобили од Кина во Европската Унија, е поголем од извозот на автомобили произведени во земјите од Унијата кон Кина.

Според анализата на консултантската куќа – EY, експортот на возила и резервни делови во Кина, од земјите на ЕУ е намален за 34 проценти, и сведен на вкупни – 16 милијарди евра.

Анализата уште покажува дека Германскиот извоз во Кина е речиси преполовен од 2022 година до денес. Во исто време, увозот од Кина е зголемен за 8% на 22 милијарди евра.

Сериозен импакт врз Германија

Овој тренд е особено изразен во Германија, во која Кина веќе падна на шесто место по значење за Германската економија.

Ваквата состојба предизвикува силен импакт врз автоиндустријата во која бројот на вработени е веќе намален за околу 50.000 лица. Така, со вкупни 725.000 вработени, авто индустријата покажува најмала бројка во последните 14 години.

Отказни решенија беа врачувани во Mercedes-Benz, Volkswagen Group , како и во компаниите добавувачи на деловии системи – Bosch, Aumovio, ZF Friedrichshafen, и Mahle.

Реклама