Fiat промовира ново комбе со три тркала

351

Италијанскиот производител FIAT, лансира ново комерцијално, електрично возило со три тркала под името Тris.

Дизајнирано е во “Centro Stile” во Торино, и замислено е првично да се продава на пазарот во Африка и на Блискиот Исток, но сериозни се размислувањата подоцна да се лансира и на европскиот пазар.

Долг е само 3,17 метри, а може да се порача во три верзии – како шасија со кабина, како товарно возило со рамен под и пикап возило.

Tris нуди товарен простор со површина од 2,25 m², а вкупната бруто маса на возилото е 1.025 kg со максимален товарен капацитет од 540 kg.

Несомнено, Fiat Tris, треба да ја надополни дупката што ја остави на Италијанскиот пазар, култниот комерцијален трицикл – Piaggio Ape.

Ќе биде целосно електричен, а се произведува во Мароко, каде што се произведуваат и останатите модели од сличен карактер на Групацијата Стелантис – Citroen Ami, Fiat Topolino и Opel Rocks Electric.

Реклама