Фабриката на Фиат во Италија, паузира нови три дена!

54

Само неколку дена откако работниците се вратија на своите места во легендарната фабрика Мирафиори на Фиат, по колективните летни одмори, фабриката повторно го запре производството за нови три дена.

Фабриката близу до Торино е единствената фабрика на Фиат која ги произведува електричниот и хибриден 500.

Според официјалното соопштение на Стелантис, запирањето на производството се должи на недостатокот на моторни компоненти и поради наводно натфрлање на очекувањата за купување на хибридните модели.

Нешто слично се случи и на крајот од Јуни, кога фабриката беше запрена во својата работа една недела, поади недостаток на мотори, браници и електрични сензори.

Од друга страна, FIOM (Италијанската федерација на работници од металната индустрија) сметаат дека вистинските причини за запирањето на производството се должат на недоволната побарувачка за Фиат 500.

Тие одат и чекор понатаму и сметаат дека треба, по кој знае кој пат, да се вклучи Италијанската Влада и да интервенира и да ги заштити работниците и работните места во авто индустријата, пред да биде предоцна за тоа.

Останува да видиме дали и како овие прекини во производството ќе се одразат на европската и светска испорака на моделите Фиат 500, koј ионака не може да се пофали со посериозни резултати во светски рамки.

Реклама