Кинескиот производител на автомобили BYD ја продолжува и засилува својата експанзија во Европа.
Новата централа на Германската дивизија на BYD отсега ќе функционира во Офенбах во деловни простории со површина од 2.800 квадратни метри и во која веќе работат 100 вработени.
На локацијата е предвидено да се отвори салон за автомобили на приземјето, а на првиот кат да се креира и специјален и ултра модерен евент центар.







