Нови стандарди за издувна емисија во Европа. Доаѓа Euro 7

208

Европската администрација продолжув да ги затегнува условите за возилата со мотори со внатрешно согорување и од 29 Ноември, 2026 година, на сила стапуваат најновите Euro 7 Норми.

Што тоа значи во пракса?

Новите стандарди ќе се применуваат само за нови возила, кои допрва ќе вадат типски одобренија.

Веќе произведените возила кои ги задоволиле претходните стандарди (Euro6 и Euro7) ќе може и понатаму да се продаваат и регистрираат.

Со новите стандарди, дополнително, тестирањето ќе се прави во реални услови на возење, не само во лабораториски услови, како што беше досега.

Со Euro7 нема големи разлики во емисијата на азотните оксиди, но се намалува толеранцијата за емисија на микрочестички особено кај моторите со внатрешно согорување и палење, од досегашните 23 нанометри во дијаметар, на само 10.

Со новите норми, се бара и минималниот животен век на возилата да биде проектиран на околу 160.000 км или осум години, со намера оваа бројка да се зголеми на 200.000 км

Со “Euro 7” нормите, за прв пат во историјата, покрај издувната емисија, ќе се мери и емисијата на штетни материи од гумите и сопирачките.

Сите овие новини, сосема логично, ќе се одразат на цената на новите возила и веројатно на брзината со која се воведуваат елекетричните автомобили на стариот континент.

“Euro 7” стандардите ги регулираат и електричните возила. Според правилата по 5 години или 100.000 изминати километри, батеријата мора да има задржано 80% од својот оригинален капацитет, а по 160.000 километри или 8 години, истиот треба да биде најмалку 72%.

Реклама