Бум на продажбата на електрични возила во Германија

168

Во Германија, во месец јануари оваа година, се регистрирани 34.498 еектрични автомобили, што истовремено претставува 53,5% пораст во споредба со јануари од 2024 година.

Сепак, овој статистички податок не значи дека бомбастично е зголемен интересот за електрични возила, туку повеќе се должи на тактичкиот потег на производителите на автомобили да ги одложат примопредавањата на автомобилите од минатиот декември, за оваа година.

Со тоа, производителите на возила сакаа да фатат подобри стартни позиции, бидејќи Европската Унија од оваа година воведе многу порестриктивни мерки за емисијата на CO2, што за секој производител се вади како просек (од сите продадени автомобили).

Она што веднаш може да се забележи е и тоа дека Тesla бележи сериозен пад на продажбата. Со само 1.277 продадени автомобили, брендот бележи пад на продажбата од 60%, а како главна причина за тоа се наведуваат политичките ставови на Елон Маск, како официјален учесник во новата администрација на Доналд Трамп.

Реклама