Неодамна на reddit еден корисник на социјалната мрежа сподели искуство, кое сосема очекувано предизвика лавина реакции и коментари.
Што се случило?
Човекот однел возило во сервис и според кажувањето, инервенцијата што на почетокот требало да чини 150 евра,пораснала на 600 евра.
Сервисерот објаснил дека цената за сервисот пораснала 4 пати, затоа што по почнување на работата, се испоставило дека треба да се направат уште неколку неочекувани интервенции, без кои возилото немало да може да помине технички преглед.
Во оваа ситуација, клиентот на reddit бара правен совет како да се постави во ситуацијата, а да се заштити од можноста да го налути механичарот кој може да направи некаква штета на возилото, како чин на одмазда.
На оваа приказна, следуваат многу коментари, меѓу кои мнозинството сметаат дека клиентот не треба да ја плати бараната сума.
Има такви кои го советуваат да влезе во сервисот, да си влезе во автомобилот и без коментар да си замине.
Има такви кои коментираат дека најверојатно, на сервисeрот му зафалиле пар стотина евра, па на вој начин решил да си ги наплати.
Повеќето се согласуваат со тоа дека клиентот не треба да ја плати сумата, затоа што во ситуација како оваа, најмалку што било неопходно, е сервисерот да му се јави на клиентот, да го информира за новонастанатата состојба и да побара одобрение да продолжи со работа.
Сте биле ли и вие во ваква состојба? Ако да… што направивте за да излезете од истата?
Во продолжение, целата преписка:














