Hyundai воведува нова услуга во Америка. Сервис на терен

34

Американската дивизија на Hyundai, објави дека е во тек подготовка на специјална мрежа на овластени сервисери кои ќе излегуваат на терен и основните сервисни интервенции ќе ги прават во домот на своите клиенти.

На тој начин компанијата сака да им го олесни животот и заштеди времето на своите клиенти.

Веќе се опремени околу 100 комбиња кои ќе излегуваат на терен, која секако треба да расте, а обучена е и поголема бројка на сервисери.

Сосема разбирливо, на овој начин ќе може да се извршат основните сервисни интервенции, како што се – редовен сервис, промена и ротирање на пневматици, ресетирање на компјутерот, правење апдејти и слично.

За сложените дефекти и поправки, клиентите сепак ќе мора да издвојат време за своите миленици на тркала.

Реклама