Инцидент во Германија. Внимавајте кому давате клучеви!

267

Сериозниот инцидент во дилерство за возила во Германија, Штраублинг, ги остави вработените и јавноста во шок.

Според приказната пренесена од германските медиуми (линк), 15 годишно момче при посетата на локално дилерство за возила, побарало од вработените клуч од едно од возилата.

Ова барање, малолетното лице го образложило со приказната дека сака да ја фотографира внатрешноста и да им ја прати на своите родители кои се сериозно заинтересирани за купување.

Вработените, поверувале и без многу размислување му ги дале клучевите на момчето.

Откако влегло во возилото, момчето го стартувало моторот и придвижило возилото, но во неговото кратко патешествие, успеало да удри и закачи голем број од паркираните автомобили изложени за продажба.

Проценките на штетата која била направена по овој непромислен чин се бројат во неколку десетици илјади евра.

На местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници кои го привеле момчето и кои ги испитуваат неговите мотиви за предизвиканиот хаос.

Она што е јасно, е дека овој инцидент ќе предизвика сериозни промени во начинот на однесувањето на продажниот и сервисен персонал во дилерствата за автомобили.

Реклама