Chrysler наполни еден век!

212

Во чест на роденденот, еден век постоење, Chrysler направи и постираше убава фотографија од околу 1.500 вработени во Stellantis во Chrysler Technology Center кампусот во Мичиген.

Со оваа групна фотографија брендот и вработените им оддаваат респект на сите луѓе кои низ годините работеле на развој на брендот и компанијата.

На настанот, била отворена и реплика на кутијата за алат на Волтер Крајслер, во која се наоѓале неговите алатки, беџови и логоа, како и ливчиња на кои било запишано името на секое вработено лице кое учествувало во групната фотографија.

Покрај роденденското колаче, вработените добиле и маичка со роденденска порака за 100 години Chrysler, како и специјално писмо напишано од генералниот директор на Chrysler, Феуел во кое официјално им се заблагодарува на своите вработени за успесите кои допрва брендот треба да ги остварува во иднина.

Реклама