Сам против 100! Феноменалниот Верстапен!

180

На патеката во Силверстоун, Red Bull организираше интересен евент на кој неколкукратниот шампион на Форула 1, Макс Верстапен, се натпреваруваше со 100 картинг возачи аматери.

Холандскиот суперстар ја започна трката последен и доби предизвик, до крајот на трката да ги претрка сите возачи.

Стоте возачи, на тесната картинг патека, сосема логично створија вистински хаос, но Верстапен, во негов препознатлив стил, со леснотија започна да ги претекнува и заобиколува.

Според правилата, секој возач кој ќе беше поминат од Верстапен беше исклучуван од трката, со што за нијанса го намалуваше хаосот на стазата.

Вече во осмиот круг, Верстапен влезе во топ петте возачи, а за само 35 минути од почетокот на трката, излезе на челната позиција.

По завршувањето на трката, Верстапен изјави дека му е многу драго што се вратил на своите почетоци, на картинг стазата која го потсетила на неговите почетоци, и која според него е извонредно креирана.

Погледнете како изгледаше целото ова шоу :

Погледнете ја и нашата последна епизода од Темпо Магазин, во продолжение :

Реклама