Американски Форд, објави дека успеал да направи сериозен јубилеј.
Вкупно се произведени 1 милион примероци од малиот компактен SUV кросовер Ford Puma.
Пума е особено успешна во Европа, каде е и најпродаваниот патнички автомобил на брендот, а се произведува во фабриката во Крајова, во Романија.

Малиот кросовер е особено атрактивен во Велика Британија, каде три години по ред (2023-2025) е возило со најмногу регистрирани примероци на Островото.







