Кај секое десетто возило во Европа, се “штимани” бројот на изминати километри

119

Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено дека кај секое десетто возило има несовпаѓање во податоците за поминатите километри и бројките во одометарот на возилото.

Интересно, во Германија, просекот на несовпаѓање е и повисок од просечниот во Европа, односно изнесува 11,5 проценти.

Во вкупната бројка на автомобили опфатени со ова истражување, главно се земани предвид возила со година на производство од 2000 наваму.

Манипулацијата со изминатите километри, најчесто се смета за криминална постапка, форма на измама, со која продавачите сакаат да прикажат подобра кондиција на возилото што го продаваат од онаа што реално е.

Ако секое десето возило во Европа вози со “наштимани” километри, каков ли податок ќе добиеме ако истото истражување го направиме кај нас?

Содржината е превземена од порталот : garaza.com.mk

Реклама