Вака ќе изгледа ентериерот на новиот Jaguar

380

Новиот Jaguar Type 01, кој треба да биде првиот модел во ерата на целосно електрични возила на Британскиот бренд, наскоро ќе и биде претставен на јавноста, а пред да се случи тоа, од компанијата решија да покажат како ќе изгледа неговиот ентериер.

Од она што можеме да го видиме на сликите, направен е спој на футуристичкиот дизајн, кој инаку предизвика навистина сериозни контроверзи при лансирањето на концептниот Type 00, со ретро елементи.

Може да се забележи централниот рбет кој се протега по централниот дел на кабината и ја дели истата на две половини, или математички попрецизно, на четири четвртини, по целата должина.

За луѓето од Jaguar, овој елемент е вистинско ремек дело од уникатен карактер.

Инструмент таблата е направена во минималистички дизајн и целосно различна во делот на возачот со оној на совозачот.

Зад воланот е поставен голем инфотејнмент екран, а на централната конзола има помал екран со копчиња со кои се контролира климата и инфотејнмент системот.

Во Jaguar уште велат дека внатрешниот дизајн е индпириран од украсниот камен травертин, искомбиниран со рачно везени материјали и текстури.

Реклама