Volkswagen го подготвува новиот Amarok

23

Иако информацијата сеуште не е официјално потврдена, се чини дека Volkswagen активно работи на креирањето на својата нова, трета генерација на Amarok.

Најновиот пикап, треба да се појави помеѓу 2029 и 2030 година, и најверојатно ќе биде опремен и со плаг-ин хибриди и целосно електрични варијанти.

Се претпоставува дека лансирањето на третата генерација че се случи во овој период, бидејќи тогаш истекува и соработката на моделот помеѓу Volkswagen и Ford, а дали во таа трета генерација, VW и понатаму ќе се ослони на Американската технологија или помош ќе побара од своите Кинески соработници, останува да видиме.

Тоа никого не треба да чуди ако се земе предвид дека Amarok кој во следните години ќе се лансира во Јужна Америка ќе биде базиран на моделот SAIC Maxus Тerron9.

Впрочем состојбата во автоиндустријата е толку комплицирана, што никакви коалиции повеќе не се чудни или невозможни.

Реклама