Британскиот бренд Land Rover објави дека го запира производството на Discovery Sport, моделот кој во 2014 година го наследи популарниот Freelander.
Овој модел кој беше и најмалиот во понудата на Land Rover целосно ја оправда довербата и беше еден од најпродаваните модели на брендот.
Моделот доживеа и редизајн во 2019 година, но овој декември, со полни 12 години, компанијата најавува запирање на производството кое се одвиваше во фабриката Халевуд, Велика Британија.

Според одредени информации, покра крајот на комерцијалната ера на возилото, дополнителна причина за запирање на производството е и донесената нова регулатива на Европската Унија, според која секој нов модел треба да ги има “ADAS” системите за предупредување и асистенција на возачот, како и автономниот систем за сопирање кој треба да ги штити пешаците и велосипедистите од директен судар.
Популарниот SUV на Land Rover ги нема двата системи, а се чини и дека продукт менаџерите оцениле дека не вреди да се инвестира во истите.














