Ford гасне уште еден омилен модел во Европа

233

Европскиот шеф за комуникации на FORD oбјави дека компанијата наскоро ќе се збогува со уште еден омилен автомобил во Европа.

Станува збор за моделот Ford Focus, кој официјално ќе престане да се произведува овој ноември, а притоа нема најава дека Американскиот производител на автомобили подготвува негова замена.

Се до запирањето на производството Ford Focus ќе може да се порачува, а по тоа, веројатно ќе се понуди само она што ќе остане на залиха.

Ford Focus за брендот во Европа, беше еден од клучните модели. Официјално претставен во 1998 година, тој имаше клучна улога во продажбата на Стариот Континент.

Оние кои го сакаа FORD веројатно и не се премногу изненадени, бидејќи претходно американскиот бренд на Европско тло се откажа и од другите два клучни модели – Mondeo и Fiesta, за кои шефот на Ford, Џеф Фарли, изјави дека не создавале доволно профит за компанијата и понатаму да се продолжи со вложување во нивниот развој.

Она на што FORD моментално е фокусиран, тоа се моделите Bronco, Tremor, Raptor и Mustang, а брендот тежнее да стане “Porsche за теренски автомобили”.

Од горенаведените модели во Европа сеуште останува во продажбата само Ford Mustang.

По ваквиот расплет на околностите, веројатно никој нема да биде изненаден ако и FORD како што претходно тоа го направи General Motors (ослободувајќи се прво од Chevrolet, а подоцна и од Opel) ја напушти Европа и се фокусира на други пазари, во кои се, пред се, полабави правилата за издувна емисија.

Реклама