Со секое продадено возило, Xiaomi губи по 4.800 евра!

114

Ако се погледнат финансиските податоци на Кинескиот технолошки гигант Xiaomi, кој неодамна започна да произведува и автомобили, може да се изведе заклучокот дека со секое продадено возило, компанијата губи по 4.800 евра!

Во моментов, брендот има два модели – SU7 (седан) и YU7 (SUV модел).

Само во првиот квартал, Xiaomi продаде 80,856 возила, со кои направи промет од околу 2,5 милијарди евра, но и загуба од 390 милиони евра, со кои доаѓаме до калкулацијата според која со секој продаден автомобил компанијата губи по 4.800 евра.

Реклама