Новиот електричен Ferrari ги бранува духовите

749

Италијанскиот супербренд Ферари, по долго чекање и најави го објави својот прв електричен автомобил – Ferrari Luce.

Во неговиот дизајн учествуваше и Џони Ајвс, легендарниот дизајнер на Apple, со неговата нова дизајнерска куќа LoveFrom. Како најава на новиот електричен Ферари, во една прилика, Ајвс изјави дека новиот дизајн ќе биде во најмала рака, контроверзен.

Се чини дека токму тоа се постигна со промоцијата на Luce (во превод Светлина).

Светот зборува.

Некој зборува со позитивни ноти, други напаѓаат и критикуваат, велејќи дека новиот дизајн на Luce ни најмалку не прилега на традицијата и дизајнот на овој супербренд.

Секако, неспорен е фактот дека дизајнот на Luce, не прилега воопшто на ниту еден претходно конструиран модел на Ферари, но дали е тоа доволно за проектот да се фрли во вода, ако не прашувате нас, воопшто не.

Толку е грд, што и Кинезите нема да го копираат

Најдалеку, веројатно отиде поранешниот генерален директор на Ferrari во периодот од 1991 дo 2014, Лука де Монтеземоло.

Неговата изјава беше “Ако треба да кажам што навистина мислам, ќе го повредам Ferrari. Ризикуваме да ја уништиме легендата и многу ми е ѓал поради тоа. Се надевам дека барем ќе го тргнат разиграното коњче од тој автомобил. Ова сигурно е автомобил што дури ни Кинезите нема да го ископираат од нас.”

Со овој дел од изјавата, Монтеземоло уште еднаш ги “пецна” луѓето од Xiaomi чиј модел YU7 SUV, сериозно личи на Ferrari Purosangue.

Се огласи дури и Maтео Салвини, заменкикот на премиерот на Италија, кој објави и дека ова Ферари воопшто не личи на Ферари, дополнувајќи – “Што ли за ова мисли Енцо Ферари?”.

Претходно, во светот на бизнисот се проширија информации дека и вредноста на акциите на Ferrari паднале за 8,4% по кревањето на наметката на новиот Luce.

Како целата приказна ќе се развива понатаму, останува да видиме.

Реклама