Од овој “Кинез”, Aмериканците “ќе се извадат од памет”!

1688

Кинеските производители на автомобили, ја продолжуваат својата автомобилската офанзива во светот.

Никој повеќе не се потсмева на квалитетот, перформансите и моќта на Кинеската автоиндустрија, а Европските и Американски производители се трудат да смислат начини како овие автомобили да ги направат поскапи (наметнувајќи високи царини и се поригорозни стандарди) или, како што е во случајот со САД, отворено да ги забранат за увоз.

Но на другите точки во светот, Кинеската автоиндустрија и понатаму галопира.

Популарниот Кинески бренд BYD во Австралија креираше нова верзија за пикапот Shark 6 Performance.

Робусниот пикап, класа на возила која ја обожуваат во САД и Австралија, го менува малиот 1.5-литарски турбо мотор со 2.0- литарски турбо мотор со четири цилиндри и помоќен електро мотор со што моќноста ќе се покачи од 430 коњски сили (321 kW) на 469 кс (350 kW), а вртежниот момент од 650 Nm на 700 Nm.

Со тоа, моделот веќе има поголема моќност од Американската гордост Range Raptor, иако ги нема оние препознатливио off-road елементи како што е на пример заклучувањето на диференцијалот.

Но, како и за се останато, се чини дека Кинезите се флексибилни, го слушаат гласот и барањата на клиентите па ништо чудно, набргу да ги имплементираат и тие новини.

Реклама