Пред овој електричен “Кинез” трепери европската конкуренција

2233

Кинескиот производител на автомобили Geely, започнува да го продава својот модел E2, кој е најпопуларниот мал електричен автомобил на домашниот пазар во Кина и светот со продадени 465,775 примероци.

Е2 ќе се бори со основните конкуренти – Renault 5 , Volkswagen ID. Polo и BYD Dolphin Surf, а во Германија почнува со цена од 19.990 евра.

Е2 е долг 4.135 метри, со меѓуоскино растојание од 2,645 метри, што нуди поголеми димензии и секако, комфор од конкурентите.

Овој електричен автомобил има батерија од 35.4 kWh и електричен мотор со моќност од 82 коњски сили, а нуди домет од 252 километри во WLTP циклусот.

Колку ќе биде сериозен овој автомобил, доволно зборуваат објавените бројки на порачки на Е2 во Европа, во првите неколку месеци, а кои изнесуваат повеќе од 3.500 примероци.

Се чини дека сето ова е само почеток на агресивниот продор на европскиот пазар со кој Geely планира да лансира 16 модели до 2028 година.

Реклама