Ford ќе лансира електрични ванови со кинеска технологија

285

Кон крајот на оваа година, “подзаспаниот” Ford најави дека планира да лансира нов, електричен ван, специјално наменет за употреба во градските средини во Европа.

Со новиот Transit City, компанијата со централа во Келн, планира да ги покрие урбаните средини и не очекува овој модел да ги загрози продажбата и интересот за другите модели во гамата.

Transit City ќе биде позициониран во класата на возила од 1 тон, помеѓу помалиот E-Transit Courier и поголемиот E-Transit Custom.

Ванот ќе биде движен од електромотор со моќност од 110 kW/150 коњски сили што влече енергија од литиум железната фосфатна батерија (LFP) со капацитет од 56 kWh.

Според Ford дометот на овие возила ќе биде околу 254 километри, што одговара на потребите на урбаните превозници кои минуваат дневно околу 100 километри. Дополнувањето на брз DC полнач од 10 до 80% ќе се врши за околу 33 минути.

Ванот ќе се понуди во неколку варијанти. Како панел ван со параметри L1H1 и L2H2 (стандардни димензии за должина и висина), како и возило со шасија и кабина.

Во панелската верзија, ванот ќе може да пренесува од 6 до 8 кубни метри товар, доволно за три еуро палети, при што верзијата L2H2 ќе може да утовара багаж со должина од три метри.

Технологијата доаѓа од кинеската компанија Jiangling (JMC), во која Ford има учество од 41% и која веќе му помага на брендот во производство на возилата за Кинескиот пазар.

Реклама