Што се вози на улиците во Германија?

356

Според последните официјални информации, во Германија има нешто помалку од 50 милиони регистрирани автомобили.

Но, она што може да се забележи е дека возниот парк во оваа земја, која се смета за лулка на модерната автоиндустрија, сериозно се менува, при што може да се забележи раст на учеството на некои брендови кои претходно беа избегнувани, потценувани или со минорно учество на пазарот.

Така на пример, во вкупната бројка, Skoda учествува со сериозни 2,87 милиони регистрирани автомобили, и во последната декада брендот под капата на VW го симна Renault од тронот, како најпродаван бренд на возила од увоз.

Тука е и Seat со 1,11 милиони регистрирани примероци.

И Корејскиот бренд Hyundai од 2016 година ја зголемил својата бројка на регистрирани возила од 637,000 со што доаѓа до вкупна бројка од 1.58 милиони возила.

Во последната деценија, зголемена е бројката на возила и на Романска Dacia, на околу 851,000 возила.

Во вкупната бројка на возила која е речиси удвоена во последната декада и изнесува 49.49 милиони автомобили, сериозно е учеството на Opel со 3.81 милиони, иако нивното учество во изминатите години е намалено за околу 879,000 примероци.

Volkswagen неприкосновен на врвот на табелата

Како резултат на падот на учеството, Opel го препушти второто место на Mercedes-Benz со 4.7 милиони регистрирани возила, пред Volkswagen кој е сеуште неприкосновен на врвот со 10.3 милиони возила.

Пад на учеството во вкупната бројка имаат и Renault, Ford, Peugeot…

Кинеските автомобили, сеуште на ниво на статистичка грешка

Кинеските автомобили меѓу кои на Германскиот пазар се присутни MG, BYD, GWM, Leapmotor, Nio, Xpeng, и Lynk & Co. (наскоро и Geely), заедно имаат сеуште занемарлива бројка од 116,300 патнички возила.

Ова е само 0.24 проценти од вкупната бројка на возила регистрирани во Германија. Но… не треба да се занемари нивниот потенцијал, ако се земе предвид фактот дека во минатата година нивното учество беше само 0.14 проценти.

Расте бројката на колекционерски примероци

Интересно е дека во бројката може да се најдат и околу 41,862 Трабанти, чие производство запре пред една декада, кога и имаше околу 33.500 регистрирани автомобили од овој бренд.

Фото – Torsten Maue – TrabantUploaded by High Contrast, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=24954168

Во вкупната бројка на класици (возила постари од 30 години) може да се вбројат околу 822,537 возила.

Погледнете ја нашата последна емисија Темпо Магазин во продолжение :

Реклама