Американската компанија Waymo најави дека следната година по улиците на Лондон ќе циркулираат нивните роботиирни такси возила.
На почетокот, возилата ќе бидат управувани од специјализирани возачи, а откако ќе се добијат потребните дозволи од британските власти, ќе започнат да возат автоматизирано.
Инаку Waymo е дел од групацијата Alphabet која пак е во сопственост на Google.
Во Велика Британија се очекува законот кој ќе дозволува комплетно автоматизирано возење кон крајот на 2027 година, а такви такси превози ги најави и Uber и локалната компанија Wayve.














