400 нови Opel Corsa во флотата на Free2Move

282

Free2Move компанијата за кар шеринг (посебна форма на рентирање на возилата за кратки релации) која е во сопственост на Stellantis Групацијата ја засили својата флота со 400 нови Opel Corsa, кои ќе циркулираат во Берлин, Минхен и Франкфурт.

Сите 400 Корси се веќе вметнати и ставени во функција на апликацијата Free2Move, што значи дека клиентите лесно може да ги најдат, отворат, стартуваат и искористат во своите секојдневни релации преку апликација на мобилниот телефон.

Во флотата веќе се користат возила од групацијата како што се Opel Astra, Mokka, Crossland, Peugeot 208 и 3008, со што се покриваат повеќе категории на возила и потреби на клиентите.

На оваа платформа се регистрирани повеќе од 6 милиони активни корисници, што јасно говори за атрактивноста на овој нов систем на мобилност.

Реклама