На манифестацијата “Car Loyalty Awards” која во организација на списанието “Automobilwoche” се одржа во Минхен, Volkswagen беше избран за Најдобар EV бренд.
Наградата им беше врачена на претставниците на VW врз база на истражувањето на спeцијалистите од Dataforce.
Според тоа истражување, ID. моделите на VW се виновни за тоа што се поголем број на возачи се префрлаат од моторите со внатрешно согорување, на мотори со струја.














