Xiaomi, профитабилно “гази” со својата авто дивизија

238

Технолошкиот Кинески гигант, Xiaomi, кој нам ни е познат најмногу по мобилните телефони, ги објави своите финансиски резултати од кои се гледа дека и авто бизнисот му тргна од рака.

Иако Xiaomi ја отвори својата специјална дивизија “Smart Electric Vehicles, AI and New Initiatives”, или во превод – “Паметни Електрични Возила, Вештачка Интелигенција и Нови Иницијативи”, во 2024 година, само година дена подоцна, во 2025, оваа компанија во која најголем дел од приходите ги остварува авто дивизијата, оствари нето профит од 113 милиони евра.

Toa не треба да не чуди ако се знае дека компанијата во 2025 година испорача 411,000 возила, а плановиате за оваа, 2026 година се подигнати на 550,000 продадени единици.

Од продадените возила во 2025 година, направен е приход од околу 58 милијарди евра!

Овие резултати, остварени во мрежата од околу 477 продажни центро во Кина, се одличен буст за компанијата и понатаму да вложува, расте и “гази” и во авто индустријата.

Повеќе за Xiaomi во неколку наши претходни постови :

Реклама