Нов потрес во Стелантис! 800,000 возила се повикуваат во сервис

258

Групацијата Stellantis објави дека повикува околу 800.000 возила од палетата на Alfa Romeo, Citroën, DS, Fiat, Lancia, Opel, и Peugeot, да се јават на задолжителна проверка и сервис (recall) во овластената сервисна мрежа на засегнатите брендови.

Како причина за ова сервисно повикување, се наведува дека кај одредени возила со благ хибриден погон, (MHEV) утврден е можен дефект кој може да предизвика краток спој и пожар кај возилата опфатени со оваа мерка.

Според објаснувањето, возилата може да се склопени со “контакт или намален клиренс помеѓу цевката на филтерот за честички кај бензинскиот модел и покривката на терминалот на 48 волтниот стартер генератор придвижуван од ремен.

Во влажни услови, овој недоволен клиренс (растојание) и потенцијалниот контакт помеѓу овие компоненти може да и овозможи на водата да навлезе и да предизвика краток спој, кој пак може да резултира со прегревање и на крајот и опасност од пожар.

Во соопштението се вели дека најзагрозени на листата се моделите Peugeot 208 и 2008 произведени во периодот од 07.06.2023 до 21.01.2026.

Реклама