Претставена новата Astra

309

Oвој Јануари на Саемот во Брисел, компанијата од Раселсхајм, Opel, на своите клиенти и фанови им ги претстави новите генерации (или подобро кажано освежувања) на најпродаваните автомобили од компактната класа – новата Opel Astra и новата Opel Astra Sports Tourer, кои веќе во февруари станаа достапни за порачка.

Она што особено не радува е дека новата Астра е дизајнирана, склопена и направена во Риселсхајм.

На прв поглед, новата Астра е помодерна, поостра и поизразена. Логото Опел е поставено централно во уште потесниот преден Визор и за прв пат кај моделот е осветлено.

На предницата може да се забележат некои елементи на Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo кој за прв пат беше презентиран на минатогодишниот Саем во Минхен.

Во поглед на дизајнот, особено се атрактивни и алуминиумските тркала од 17 и 18 инчи, како што се атрактивни и новите бои ‘Kontur White’ и ‘Klover Green’. Тие особено се истакнуваат во комбинација со црниот покрив.

За силно осветлување се грижат Inteli-Lux HD светлата со повеќе од 50.000 елементи, кои може да се порачаат како опционална опрема. Технологијата на осветлување со висока дефиниција се грижи за максимално осветлување на патот, без притоа да се заслепат и загрозат другите учесници во сообраќајот.

Автомобилот е опремен со систем што ги препознава сообраќајните знаци,. Кога Астрата се приближува до сообраќајните знаци, системот ги намалува сноповите од LED светлото со што го штити возачот на Астрата од рефлективниот отсјај.

За комфорот во внатрешноста се грижат интелигентните специјално патентирани седишта (Intelli-Seats) кои се стандардни во секоја варијанта и опција.

Тие се ергономски дизајнирани и овозможуваат пријатно чувство при седењето, дури и на долги релации.

Од GS нивото на опрема нагоре, новите Астри имаат и AGR одобрени седишта за возачот и совозачот, кои се грижат за грбот и рбетот на патниците.

Кокпитот е удобен, инфотејнментот поизразен и поедноставен за употреба,а во ентериерот се водело внимание и за паметно користење на материјалите и ресурсите.

Во поглед на моторите, на располагање ви стојат Astra Electric со моќност од 115 kW (156 коњски сили) и батерија со капацитет од 58 kWh, која нуди автономија до 454 километри (WLTP1).

Електричната Астра, за прв пат нуди и V2L – Vehicle to Load, со што се овозможува напојување на надворешни уреди како што се е-велосипеди или мотори, или други апарати во домаќинството, како и разни гаџети додека сте на патување или кампирање.

Оние кои сакаат повеќе хибридни варијанти може да го изберат моделот со 107 kW (145 hp) кој почнува со цена од €32,990 или пак да се решат за plug-in hybrid со 144 kW (196 hp) по цена од €38,460.

Нешто поефтина, со цена од €34,640, е варијантата со 1,5 литарски дизел мотор и моќност од 96 kW (130 hp).

Хечбек моделот нуди простор за товарање од 1.339 литри (со спуштените задни седишта), додека кај караванската изведба овој волумен изнесува комфорни 1.634 литри.

Очекувајте повеќе информации на нашиот сајт и нашата емисија Темпо Магазин.

Реклама