Вучиќ го посети Xiaomi

302

И покрај тоа што Премиерот на соседна Србија се соочува со сериозни проблеми, протести и демонстрации на домашен терен, тој сепак успеа да излобира и да организира сериозна посета на една од “најжешките” фабрики за автомобили во Кина.

Станува збор за новиот погон на техничкиот гигант Xiaomi, кој од неодамна сериозно влезе во авто бизнисот.

Вучич, не ја криеше импресионираноста од начинот на кој се организирани неговите домаќини.

Како што напиша во официјалното соопштение на социјалните мрежи : “Овде би можел многу да научам, особено за резултатите што ги постигна Кина. Местово е неверојатно, никогаш не сум видел вакво нешто досега.

Сè е автоматизирано, сè прават две илјади роботи, кои произведуваат 1.500 автомобили во две смени. Ги поканивме, ако размислуваат да инвестираат во Европа, да ја изберат Србија, а ги поканивме и да ги претстават своите производи на EXPO 2027.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ го обиколи Xiaomi и разговараше со раководството на таа компанија.

Посетата доаѓа во вистинско време, ако се знае дека голем број на Кинески производители на автомобили отвораат фабрики во Европа, со што го решаваат проблемот со наметнатите високи царински стапки во Европската Унија. Впрочем, во Србија веќе се склопуваат повеќе автомобили од Групацијата Стелантис.

Реклама