“Поплава” од новитети во Volkswagen

360

Oваа година германскиот производител на автомобили подготвува вистинска “поплава” oд новитети, од кои дури 6 нови модели ќе бидат лансирани во електричниот универзум.

Приказната започнува со ID. Polo, па следува ID. Polo GTI, ID. Cross, ID.3 Neo и ID.3 GTI и сите овие возила ќе го видат блесокот на светлината оваа 2026 година и треба да ја означат Сосема новата ера во Volkswagen која се нарекува : True Volkswagen (Вистински Volkswagen).

Овој наплив на елетрични модели треба да биде и официјалниот почеток на производството на автомобилите од Европа, за Европа, со достапни цени за електрифицираните модели.

За овој значаен момент, Томас Шафер, членот на Бордот на директори изјави : “Во 2022, донесовме јасна одлука во Бордот на директори : ќе го зајакнеме брендот Volkswagen и уште еднаш ќе се фокусираме на нашите клучни специјалности. Бидејќи токму тие специјалности се срцевина на нашиот бренд – тие се клучот до нашите клиенти и иднината на Volkswagen. Ние ова рекалибрирање го нарековме “True Volkswagen”. Од 2026 година со дебито на новите ID. Polo,  ID. Cross и ID.3 Neo, ја лансираме првата електрична палета на производи кои ја рефлектираат оваа нова филозофија на Volkswagen и која ќе ги збогати класите на мали и компактни автомобили.”

Новина ќе има и во средната класа, со промовирањето на новиот ID.4 исто во 2026.

Повеќе содржини на нашиот сајт :

Реклама