Volkswagen доминира на пазарот на електрични автомобили во Германија

239

Според последните информации, VW Group, апсолутно доминира на пазарот на електрични возила во Германија.

Во првото полугодие од 2025 година, VW Group остварил маркет шер во својата домицилна држава од масивни 46%!

Под него, длабоко на второто место е BMW, со своите подбрендови Mini и Rolls-Royce, со маркет шер од само 11%.

Американската Tesla, која минатата година беше втора, со 12% маркет шер, во првото полугодие од 2025 година падна на осмото место со пазарен уддел од само 3,6%.

Огромното пазарно учество на VW на домашниот пазар на електрични автомобили, и не е за големо изненадување ако се земе предвид фактот дека, Групацијата и на вкупниот Германски пазар, учествува со околу 40% маркет шер.

Реклама