Новиот спортски Peugeot e-208 GTi доаѓа во време кога француската компанија слави 100 години учество на Le Mans.

Peugeot донесе одлука да ја претстави најновата GTi верзија на e-208, со што го враќа логото со 40 годишна историја и кое за прв пат дебитираше на моделот 205 GTi, кој е далечен предок на постоечкиот модел.

Новиот Peugeot e-208 GTi е најмоќниот сериски модел со ова лого. Опремен е со електричен мотор со моќност од 281 коњски сили и вртежен момент од 345 Nm.
Погонот е на предните тркала, а од 0 до 100 km/h забрзува за 5,7 секунди.

Инаку моторот го погонува батерија со капацитет од 54 kWh која го погонува и серискиот e-208, но има нов систем за менаџирање на енергијата кој одговара подобро на потребите на посилниот мотор.
Инаку автономијата на автомобилот во WLTP циклусот изнесува околу 375 km.















