Во времето додека Германскиот бренд Opel дишеше под капата на General Motors, компанијата го исфрли SUV моделот Opel Antara, кој во периодот од 2006 до 2025 година одлично минуваше и се продаваше на нашиот пазар, особено поради агресивната цена.
Последните информации од Шпанија и од Групацијата Стелантис најавуваат дека брендот може да го врати на сцена овој автомобил.

Барем како име.
Новата Antara (доколку воопшто се реализира идејата за ова име) треба да биде целосно електричен SUV кој ќе биде позициониран помеѓу сегашните модели – Frontera и Grandland.
Најавениот автомобил треба да биде поставен на платформата LEAP 3.5 , на Кинески Leapmotor со кој Стелантис Групацијата има стратешки договор за соработка и треба да биде долг помеѓу 4,4 и 4,5 метри.
Се разбира, за очекување е да се следи дизајнерската логика на брендот и да се искористат јасно препознатливите дизајн елементи како што се големата Opel Vizor маска со LED светла.














