Обичниот работник во Tesla треба да работи 2,5 милиони години за да…

140

Според последното истражување на AFL-CIO за 2025 година, било утврдено дека еден обичен работник во фабриките на Tesla треба да работи 2,5 милиони години за да ја оствари платата (или финансиската компензација) која Елон Маск ја заработил од компанијата само во 2025 година!

Нема никаква дилема дека постои сериозен гап во финансискиот пакет што го заработуваат обичните работници, на автомобилската лента за производство, и генералните директори.

Но ова истражување покажува толку екстремно отстапување што е просто неверојатно, како се задржува општиот мир и задоволство помеѓу работниците, акционерите, јавноста…

Според математиката, Маск, во 2025 година бил платен со коефициент 2,522,203 спрема еден, земено во споредба со просечната плата на работниците која изнесувала – $57,243!

Тоа, уште еднаш значи дека на обичните работници им требаат 2,5 милиони години работа за да стигнат до платата на Маск, како најплатен генерален директор кој во 2025 година остварил приходи од – 158.36 милијарди долари!

Реклама