Кинескиот автомобилски гигант SAIC очекува во секој момент да добие зелено светло за отварање на првата фабрика за автомобили во Европа, која треба да биде крената во Северозападна Шпанија.

Овој проект во кој SAIC планира да инвестира најмалку 200 милиони евра, беше времено одложен поради противењето од страна на Министерството за Одбрана на Шпанија кое смета дека отварање на фабрика на место кое е само неколку километри оддалечено од сериозната поморска воена база претставува сериозна опасност за земјата од евентуална шпиунажа и трансфер на информации.
Сепак, портпаролот на Министерството за Одбрана неодамна најави дека најверојатно Владата ќе даде дозвола за градење на првата фабрика на SAIC, со која Кинескиот производител сака да ги заобиколи високите царини на Унијата за возила кои не се произведени на европско тло.













