Клиентите кои купуваат автомобили од луксузната класа, ретко се решаваат да го набават истиот во т.н. “основна” верзија.
Но дали би се решиле да купите и возите основен Мерцедес?

Интересна е анализата на новиот CLA модел, кој сосема логично, на промоциите и рекламите се претставува во најблескавото издание, со фул опрема и најсилните мотори, но и покрај сериозните разлики, ни се чини дека и основниот модел на овој автомобил ќе понуди сосема одличен комфор, луксуз и забава.
Така на пример, однадвор, нема големи разлики.
Освен фактот дека основниот модел доаѓа со 17 инчни алуминиумски фелни, додека за поголемите и повпечатливи 18 и 19 инчни тркала, морате да доплатите.

Веројатно, најголемата разлика се крие внатре.
Наместо импресивниот 14 инчен инфотејнмент дисплеј за совозачот, на тоа место е поставен црн панел, со мотиви од сребрената ѕвезда, а ги нема и атрактивните вентилациски отвори.

Седиштата се само делумно покриени со вештачка кожа, додека за целосно пресвлекување во вистинска кожа, секако, има доплата.

Овој модел, во електричната верзија CLA 250+, во Германија чини околу 56.000 евра.














