Уште еден турбо викенд за сообраќајната полиција

126
Фото - MВР

Според официјалните податоци од МВР, изминатиот викенд (17-18.05) биле регистрирани 1.363 сообраќајни прекршоци, од кои 389 биле за пречекорување на максимално дозволената брзина.

Дополнително, дури 183 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 13 санкции за минување на црвено светло, 198 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани 79 возачи за некористење сигурносен појас.. Истовремено 67 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 101 возач на мотоцикл е санкциониран за неносење на заштитна кацига.

Реклама