Јееp со одличен концепт за кампирање

269

Неодамна, ЈЕЕP го претстави концептот Wrangler 4xe Sunchaser concept, а сега, на саемот Overland Expo West, Jeep Performance Parts на концептот му ставија кровен монтажен шатор.

Како што изјавуваат во JEEP расе популарностана овие шатори, но она што нивниот шатор го прави поинаков е аеродинамичноста.

Кутијата во која се пакува шаторот е направена од карбо фибер (јаглеродни влакна) и дополнително има дизајн кој гарантира меко сечење на воздухот. Дополнително, кутијата е фиксирана на кровот, што значи дека сопствениците нема да мора да купуваат и монтираат гломазни и тешки држачи на кровот.

Кога ќе стигнете на местото за кампирање, според JEEP монтажата е исклучително лесна и се базира на технологијата на воздушно надувување, со кое целиот шатор е подготвен за неколку минути.

Посебно “cool” е можноста во шаторот да влезете директно од кабината, само со поместување на посебните кровни панели на JEEP-от.

Реклама