Трамп ја нервира авто индустријата

223

Новиот Американски претседател, Доналд Трамп, ги следи своите ветувања од предизборниот период и сериозно продолжува да ја нервира авто индустријата од неамериканско, но во последно време и од американско потекло.

Во последното интервју за Fox News, Трамп изјави дека планира на Канадските автомобили да воведе царини од 50 до 100%.

Тој изјави дека не сака да продолжи праксата во која дел од автомобилите на Американските брендови се произведуваат во фабрики во Канада.

Не ни требаат тие автомобили, изјави тој. Јас сакам автомобилите повторно да се произведуваат во Детроит.

Chevrolet Silverado, Dodge Charger Daytona и Chrysler Pacifica, се автомобили кои иако со американско днк, се прават во Канада.

Иако според Трамп, неговата политика има за цел да го зголеми бројот на работни места во Америка, се повеќе се засилуваат критиките кон неговите потези и на домашно тло.

На пример, неговата одлука да ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум за 25%, без никаков исклучок, според Флавио Волпе, претставикот на Здружението на производители на авто делови, ќе значи дека индустријата поради сериозно зголемениот трошок на суровините, без никакви дилеми ќе колабира а со тоа ќе запре производството и илјадници луѓе ќе останат без работа.

Реклама