Германскиот производител на автомобили Volkswagen, на домашен терен, на саемот во Германија го претстави својот нов концепт.
Се работи за концептот – ID. CROSS Concept, кој според Томас Шафер, генералниот директор (CEO) на Volkswagen, е многу блиску до сериско производство и кој претставува репер за идните електрични модели на брендот.

Автомобили кои ќе имаат врвен дизајн, одличен квалитет, имплементирани многу технологии кои претходно беа достапни само кај поскапите и поголеми автомобили, и во целото тоа пакување, дополнителна карактеристика е и достапноста.
По веќе објавените концепти – ID.2 all, ID. GTI Concept (базиран на ID.2 all) и ID. EVERY1, најновиот, ID. CROSS Concept е четвртиот електричен мал концептен автомобил.

А продукциските верзии на овие модели ќе станат достапни од следната 2026 година.
Во првата половина од 2026 година спедува светската премиер на ID. Polo (продукциска верзија на моделот ID.2 all), а непосредно по тоа ќе се претстави и моделот ID. Polo GTI.
Инаку, двата модели, во благо маскирана форма се присутни на Саемот за автомобили во Минхен.
Инаку SUV концептниот автомобил претставен на IAA MOBILITIY е долг 4,161 mm со меѓуоскино растојание од 2,601 mm. The ID. CROSS Concept е широк 1,839mm и висок 1,588mm. Тоа значи дека во димензиите, моделот е сличен на актуелниот T-Cross.

Концептот е мал и компактен, но широк одвнатре.
Може да собере патници, а има простор во багажникот и за 450 литри товар. Дополнително, товарен простор има и под предната хауба од 25 литри.

Во ентериерот – главниот фокус е на тоа, патниците да се чувствуваат убаво. Затоа најголемиот дел од елементите се изработени од врвни материјали, вклучително и површините покриени со текстил.
Во ентериерот се поставени два екрани – оној за инструмент кластерот (28 cm/11 инчи) и централниот екран чувствителен на допир (со дијаметар од: 33 cm/13 инчи)

Електричниот мотор на концептниот автомобил развива моќност од 155kW (211 PS) со погон на предните тркала.
Новиот ID. CROSS Concept треба да има домет од 420 километри со полна батерија.














