Првата квалификациска трка на “24 Часа Нурбургринг”, доживеа трагичен епилог.
Тркачот Јиха Митинен, по 25 минути возење со своето BMW 325i, во трката “ADAC Nürburgring 24 Hours” која инаку трае 4 часа, во еден силен “карамбол” во кој учествуваа седум возила, трагично го загуби својот живот.

И покрај брзата интервенција на медицинскиот тим, искусниот возач Митинен. кој имаше 66 години, почина во Медицинскиот центар.
Останатите возачи, по направените прегледи поминаа без посериозни последици.
Во трката во Нурбургринг, Германија, покрај останатите, оваа година се натпреварува и легендарниот, четирикратен победник на Формула 1 – Макс Верстапен.







