Добар старт за Alfa Romeo Junior

159

Со 22.000примени порачки за овиот модел Alfa Romeo Junior, брендот силно ја започнува новата 2025 година.

Овој резултат ги надмина очекувањата дури и на луѓето во компанијата, што носи и дополнителна доза оптимизам во врвниот менаџмент на Alfa Romeo (како дел од Stellantis Групацијата).

Интересно е и тоа дека Junior допрва треба да биде промовиран на пазарите во Јапонија и Австралија, што реално може да донесе уште подобри резултати за брендот, во кој веќе се позиционира и останатите модели Tonale, Giulia и Stelvio.

Фото – Stellantis
Фото – Stellantis

Претходно, Alfa Rome Junior беше избрана од публиката на познатиот Италијански магазин Quattroruote за Автомобил на годината – 2025.

Изборот беше направен онлајн и освои 16% од гласовите, доволни за да ги победи останатите 19 кандидати во изборот.

Реклама