Станува збор за часовникот изработен во кооперација помеѓу Alpine и швајцарската компанија за часовници – H. Moser & Cie., кој претставува колекционерско парче, за кое треба да издвоите околу 85.000 евра!

Моделот е Streamliner Tourbillon Skeleton Ceramic Alpine Limited Edition, а доаѓа од соработката помеѓу H. Moser & Cie. и Alpine Motorsports или поконкретно, со BWT Alpine Formula 1 тимот.
Се разбира, не се само името и брендовите кои цената на овој часовник е еквивалентна на еден луксузен спортски автомобил со високи перформанси, туку сериозно влијание имаат и материјалите, механизмот и комплексноста на изработката.

Часовникот има керамичко тело во антрацит боја, со дебелина од 40 мм, комбинирани со сини детали и сино алкантара ремче.
Керамиката е избрана поради изгледот, но и фактот дека е отпорна на гребење, оксидација и има антиалергени својства.
Внатрешноста на часовникот е скелетизирана, па може да се видат механичките делови од кои ласовникот е составен.













