Кинеско/Британската компанија MG Motor, неодамна во Гудвуд го презентираше својот концепт кој треба да ги удри контурите на идниот развој на брендот.

Концептот беше претставен под името Cyber, а во него е претставена дизајнерската концепција за идните електрични SUV модели на MG Motor.
Концептот е долг речиси 5 метри што го сместува во D-SUV категоријата, а овој модел полека ќе се трансформира во продукциски модел, некаде по 2027 година.
Инаку, MG Motor работи под капата на Кинескиот гигант SAIC.














