Тежината на возилата влијае на фаталности во сообраќајните незгоди

129

Според неделникот The Economist тежината на возилата сериозно влијае на бројот на смртни случаи како епилог на сообраќајни незгоди.

Според анализата на статистичките податоци, во последните години во САД сериозно се зголемува бројот на жртви.

Конкретно, во 2022 година, според статистичките податоци, на 100.000 сообраќајни незгоди, животот го губеле по 135 лица, додека во ЕУ истата оваа бројка изнесува “само” – 4,6!

Според анализата на магазинот, причина за ова е тежината на автомобилите која во САД е за 25% поголема од оние кои се возат во Унијата. Особено се алудира на големите пикап и SUV автомобили кои тежат и над два тона, а се многу чести на патиштата.

Реклама