Hyundai направи робот што игра фудбал

131

На само неколку дена од почетокот на Светското првенство во фудбал, Корејски Хјундаи се подготви за овој голем планетарен настан и ја загреа публиката со роботот Atlas, кој игра фудбал и прави навистина симпатични трикови со топката.

Хјундаи се истакнува, особено поради фактот што оваа компанија е официјален спонзор на првенството, како и снабдувач на официјалните лица со автомобили за време на Купот.

Инаку, роботот Atlas e висок 1,5 метри, тежи 89 килограми и е дело на Бостон Роботикс, компанија специјализирана во производството на роботи, а е во сопственост на Hyundai.

Погледнете како изгледаат вештините на Атлас на зелениот терен, на кои може да му позавидат и многу фудбалери на денешницата.

Реклама