Станува збор за Јапонскиот производител SUBARU кој го промовираше својот нов електричен SUV модел наречен – Uncharted.
За него, Јапонскиот бренд дава гаранција од 8 години, без ограничување на бројот на изминати километри.
Притоа се вели дека овој автомобил може без проблем да помине и еден милион километри, и во тој период на експлоатација, компанијата нуди гаранција на било каков дефект.

Единствено, батеријата, што е и сосема логично, има гаранција за истиот период (осум години) но со ограничен број на изминати километри – 160.000 Km.
Сепак, ќе се сложиме сите, ова е сосема нов ветер во грбот, за сите скептици кои не веруваат во квалитетот, издрживоста, сервисот и одржувањето на електричните возила.
Инаку, моделот Uncharted e достапен во варијанти со мотори од 167 до 343 коњски сили, со погон на двете или на сите тркала.













