Кинески BYD сега го пикира и F1

40

Kинескиот производител на автомобили BYD, според последните официјални информации, конечно призна дека сака и планира да влезе во Formula 1 циркусот.

Во моментов, во F1 има 11 тимови, а регулативите велат дека е дозволено да се натпреваруваат 12.

Според тоа, останува само уште едно место, за кое, имајќи ја предвид се поголемата популарност на овој мотоспорт, има огромен интерес, а меѓу кандидатите се шпекулира дека води токму BYD.

Оваа шпекулација уште повеќе ја засили изјавата на Претседателот на Форлула 1, Мохамед бин Салајем кој изјави дека би сакал тоа последно место да му го даде на некој Кинески производител, со што и спортскиот бренд ќе одговори на се поголемата моќ и побарувачка за Кинеските автомобили.

Возбудата уште повеќе ја засили и Стела Ли, потпретседателката на BYD која на Саемот за автомобили во Пекинг изјави – ” 
Последниот пат кога се сретнавме со Стефано Доменикали, шефот на Ф1, беше во Шангај. Имаме добра соработка и сме во редовна комуникација.”

Понатаму продолжи таа – “ Ја сакам Формула 1 поради нејзината страст и култура. Многу луѓе сонуваат да возат еден ден во Формула 1. И да, зборуваме за тоа. Би било одлична можност да ја тестираме нашата технологија.”

Останува да видиме дали Кинезите ќе се решат на еден ваков чекор, кој секако значи одлична промоција за брендот, но и сериозно вложување во пари, енергија и време.

Реклама