Автомобилскиот гуру и главен презентер на култната автомобилистичка емисија “Top Gear”, Џереми Кларксон, објави дека му бил дијагностициран рак на простатата.
Оваа вест, Кларксон ја објави во својата нова емисија “Clarkson’s Farm” во која на духовит начин го презентира животот на неговата фарма.
Тој објавил дека во Мај, му била дијагностицирана прилично агресивна форма на ракот.
Но, имајќи предвид дека епизодите биле снимани минатата, 2025 година, веројатно Кларксон речиси цела година ја има и се лечи од оваа сериозна болест, поради која бил и опериран.
Во моментов, нема повеќе информации за целата здравствена состојба на култниот автомобилист, на кој можеме само да му посакаме што побрзо и поуспешно заздравување.













